Заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст, информираат од Министерство за здравство.
Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.
„Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид (63,9%), Кавадарци (64,3%), Гевгелија (61,4%) и Неготино (65,1%).
Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Д.Хисар, Ресен, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Валандово, Штип и Пробиштип.
Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод, Скопје и Тетово.
Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат,“ се вели во соопштението.
Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себе си и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време и на еден од најблиските пунктови до местото на живеење, велат од Министерството.
Фото: МЗ