еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19 за патување на грчките острови ќе им треба ПЦР или рапид тест

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР или рапид тест, од понеделник ќе бидат задолжителни за патување на грчките острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката, базирана на препораката на Комисијата на епидемиолози, ја соопшти заменик- министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, кој објасни дека од 5 јули, за оние кои имаат сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 нема да има рестрикции, додека пак за останатите задолжителен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа пред поаѓањето.

Децата до 12 годишна возраст ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 17 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

За враќање од островите, Хардаљас рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на sea.travel.gov.gr.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важи и за туристите: Во Грција од 15 јули повеќе привилегии за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19

Ќе работат 24 часа: Грција од денеска ги отвара сите гранични премини со Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во членот 2 од Договорот за добрососедство кој Бугарија го прекрши со ветото за преговарачката рамка

Редакција

Психијатарот Марцикиќ сведочеше дека обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар се психички здрави

Редакција

„ЕДС“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на струја вреден 2,3 милиони евра

Редакција