еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

На општините и на Град Скопје им се забранува основање ЈП за јавно осветлување

Со цел да се спречи злоупотреба и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, Владата донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес, јавно осветлување, изјави на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, по седница на Влада.

Тој потенцираше дека одлуката е донесена поради тоа што, како што рече, сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности, јавно осветлување или ја доделиле на постоечки јавни претпријатија.

– Тоа што го кажавме на почетокот на годината веќе се признава и од страна на одредени градоначалници. Имаме носено одлуки во Совети на одредени градови каде што е направена штета во првите шест месеци во вредност од 30 милиони евра и тоа требаше да биде на грбот на граѓаните, појасни министерот за економија Крешник Бектеши за одлуката.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за здравствено осигурување вработува 11 раководители, плата до 31.340 денари

Редакција

Граѓаните негодуваат што УЈП ќе има увид во банкарските сметки, директорката објаснува што тоа значи

Редакција

Починаа уште 14 пациенти од Ковид-19

Редакција