еМагазин
Image default
ЖИВОТ

На планинарската тура кон Клепа, ќе се садат садници во чест на загинатите Калина и Александар

ЕГ Грин Пауер и Планинарски предизвик „12 врвови“ на 10 февруари (недела) организираат еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа (1.150 мнв).

Во акцијата како организатори се приклучуват и градоначалниците на општините Градско и Росоман, низ кои поминува патеката.

За сите учесници ќе обезбедат бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.

„Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.

Целта на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне земјоделското (рурално) население, во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.

Во чест на прерано заминатите Калина и Александар, на дел од патеката ќе се засадат садници обезбедени од ЈП „Македонски Шуми““, се вели на фејсбук-страницата за настанот.

Терминот на искачување на Клепа, се поклопува со годишнината од загинувањето на планинарите на Кајмакчалан, чија што истрага се уште тапка во место.

Повеќе детали за турата ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промоција на книгата „Дневникот на една планинарка“ од Калина Велевска, девојката која со Александар загинаа на Кајмакчалан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Директорката на УЈП скенираше фискални сметки со нејзиниот татко, актерот Ѓокица Лукаревски

Редакција

Д-р Кунгуловски за мутациите на Ковид-19 во Македонија: Среќа во несреќа е што бразилскиот и јужно-африканскиот сој не се попреносливи од британскиот

Редакција

40-годишна жена во Македонија истовремено заразена и со Ковид-19 и со грип

Редакција