еМагазин
Image default
Да помогнеме

На шестгодишната Мартина и се потребни средства за операција за да оди сама

Мартина Гавановска е шестгодишно дете кое од самото раѓање има неразвиени патели на колената и не може да оди. Редовно се применувани физикални терапии но без никакви резултати. Од направените прегледи и констатираната дијагноза треба да се направи специфична операција на двете колена.

Ниту во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје ниту во приватните болници во Македонија не се нафаќаат за ваква операција, со оглед дека станува збор за дете за кое треба специфична операција и каде немаат вакво искуство.

Но во нашето соседство, врвниот ортопед – експерт од Русија, Дмитри Попков ординира во Детската клиника – Тирсова во Белград и малата Мартина е однесена на преглед кај него.

По извршениот преглед Попков прифатил да ја изврши операцијата, за која смета дека истата ќе биде успешна на двете нозе и малата Мартина без проблеми по рехабилитацијата ќе може самостојно да оди.

Посочено е дека според возраста, сега е краен момент во развојот на Мартина да се направат операциите.

Поради неможноста мајката сама да ги обезбеди средствата за операција и понатамошното лечење, принудена е да побара помош од хуманите луѓе кои кои би сакале да и помогнат на Мартина да го помине овој пат кон нејзино самостојно проодување.

Да помогнеме Мартина да оди самостојно, да игра и да го живее животот со сите негови предизвици, исто како и нејзините другарчиња.

Донирај за Мартина Гавановска

Денарска: 2400-501-090-09548

Девизна: SWIFT: UIBMMK22XXX IBAN: MK07240050107512353

Банка депонент: Уни Банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе

Редакција

Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ

Редакција

Brick bar, Brick eat и Four дел од новогодишната кампања организирана од СОС Детско село-место со срце

Редакција