еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најстудено во Берово, измерени -14 степени, од петок потопло

Во целата држава утринските температури се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -14 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, втор најстуден град во земјава е Битола со -13 степени по што следуваат Петровец кај Скопје и Прилеп со -10, Крива Паланка, Демир Капија и Куманово со -9 и Тетово, Претор, Штип и Струмица со -8. Во Скопје и Гевгелија се измерени -7 степени, во Охрид -6 и во Крушево и Дебар -5 степени.

Утринава е сончево, тивко и студено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер главно од југозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 9 степени.

За утре се најавува повремен снег на планините во западните делови, а веќе во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостивар завиен во црно: Меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје

Редакција

Доктор Баловски ги објаснува симптомите на делта сојот, на удар младите на возраст од 18 до 30 години

Редакција

(Фото) Кои се 10. победнички во изборот „Жена на годината 2021”

Редакција