еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

На „Тиквешки гроздобер“ испиени над 25 тони вино, имало над 120 илјади посетители

Над 120 илјади посетители биле дел од тридневната манифестација „Тиквешки гроздобер”, испиени биле над 25 тони вино. Ова денеска го соопшти кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на прес конференција, посветена на традиционалниот фестивал на грозјето, виното и производите од грозје.

– Кога станува збор за бројот на посетители, неофицијално, за сите три дена имавме над 120.000 посетители или многу повеќе од претходните години. Се зголемуваат и количините на испиено вино, кои според угостителските објекти и винариите надминуваат 25 тони, бело и црвено вино од Тиквешкиот крај. Ова се нови рекордни бројки на кои сум особено горд, нагласи Јанчев.

Тој рече дека е испишана уште една приказна под отворено небо.

– Впечатоците и импресиите сеуште ги сумираме, за овој гроздобер уште долго ќе се зборува. Ми претставува задоволство што Кавадарци уште еднаш покажа и докажа дека е пример за тоа како треба да се биде домаќин на една манифестација од овие размери.

Отсекогаш сме важеле за гостопримлив и топол народ и драго ми е што и новите генерации се воспитуваат на тој начин и што знаеме како да направиме, секој посетител на Кавадарци да се чувствува убаво и безбедно.

Ова секако немаше да биде возможно без оние кои се вклучија во организацијата и кои напорно работеа месеци наназад за се да биде во совршен ред, додаде градоначалникот, заблагодарувајќи се на сите, што придонесоа за успешна манифестација.

Тој нагласи дека сепак, најважно е, „тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде, не е забележан ниту еден голем инцидент“.

– Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни, музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде и секако од државниот врв. Да не звучам нескромно, но мислам дека го имавме најуспешниот „Тиквешки гроздобер“ досега, подвлече Јанчев на прес конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечерва на Тиквешки гроздобер во Кавадарци ќе пее Лепа Брена

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат после 10 години, повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради Ковид-19

Редакција

Македонија со најниска просечна плата од земјите од поранешна Југославија, Словенија со највисока

Редакција

Бугарија го повлече амбасадорот Ангелов и се закани со стопирање на меѓувладините проекти

Редакција