На 23.04.2019 година во 12.30 часот, во близина на угостителски објект на Дебарското езеро, во незаконит риболов, затекнати се Ќ.Л. (50), Е.Л.( 32) и С.Л.(39), сите од Дебар, информира МВР.
Притоа, кај нив пронајдени се и одземени 42 килограми разновидна риба, пет рибарски мрежи во должина од околу 500 метри како и опрема за риболов. Лицата се приведени и против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.