еМагазин
Image default
Македонија

Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, смета Филипче

Финансискиот еднократен надомест од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив, ќе им биде даден на крајот на пролетта и почетокот на летото следната година, врз основа на постигнатите резултати, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, откако Владата вчера на 112.седница ја донесе оваа одлука за да се стимулира вакцинирањето во државава.

– Матичните лекари се тие што имаат директен и прв контакт со пациентите и комуникацијата е честа со нив за лекарска услуга, совет, итн. И во таа смисла, сметам дека мерката е добро димензионирана и дека реално може да се спроведе.

Секако, матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот со вакцинација, рече Филипче, додавајќи дека мерката е значајна и за државата и здравствениот систем.

Посочи дека некаде најголем број пациенти што ги има некој матичен лекар е околу 2.500, а просекот е околу илјада, така што, рече, сумата за надомест не треба да се занемари.

– Има различни степени на опфат кај различни матични лекари, кај некои во некои градови дури е веќе  постигнат процентот и 70 отсто од прикпрепените пациенти веќе се вакцинирани.

Сметам дека ова е мерка на која матичните лекари треба да стават акцент и во интензивна комуникација со пациентите да ја пуштат пораката за важноста на вакцинацијата, рече Филипче по прес-конференцијата на Здружението на луѓето што живеат со ХИВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги награди матичните лекари со 30 денари по пациент, доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 242 болни од Ковид-19

Редакција

Оптимизам по средбата на Заев со Алијанста на Албанците и Алтернатива за законот за државјанство

Редакција

Американската амбасадорка Брнз: Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје

Редакција