еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Наjмладиот милионер во денари заработил 1.015.740 денари од закупнини

Според податоците што ги објави денеска Управата за јавни приходи (УЈП), наjмладиот милионер во денари остварил 1.015.740 денари од закупнини, највозрасниот има 97 години и лани остварил доход од 1,2 милиони денари по основ на пензија и доход од извршена работа.

Лице кое во 2022 година било на 24 годишна возрaст, кое остварило и пријавило приход од странство во износ од 61.684.529 денари, е најмладиот милионер во евра, а 77 годишник е највозрасниот милионер во евра и остварил доход главно од дивиденди од компании во земјава во износ од 92.999.331 денари.

По основ на добивки од игри на среќа на кичевец му се исплатени 32,9 милиони денари, а второрангиран е кочанчанец со износ од 27,3 милиони денари. Добивката ја оствариле од игри на среќа организирани од Државната лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец лани остварил над 7 милиони евра бруто-доход

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ја отфрли преговарачката рамка, се чека напредок на билатерално ниво меѓу Скопје и Софија

Редакција

Орка холдинг излезе од Жито Полог, Тони Јосифовски и Сашо Босилков купија акции на Друштвото

Редакција

(Фото) И Богданци има џиновско велигденско јајце

Редакција