еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наместо осуда, Османи за скандалозната изјава на Милков кажа дека немало да биде адвокат на комунистичкиот период

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не ја осуди скандалозната изјава на неговиот бугарски колега Николај Милков, која ја даде додека стоеше до него во Софија, по посетата на повредениот Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија се враќале црните традиции на палење, пукање и насилство врз луѓето, порача бугарскиот министер Милков

„Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема да го добиете од мене. Затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период од мои причини, нема да го критикувам како министер за надворешни работи, бидејќи претставувам граѓани кои имаат поинакво мислење и таа тема ќе ја оставам на историчарите. Политичари и историја не.

Комунистички период јас нема да коментирам, ни овде, ни во Софија, никаде. Ако мислите дека Милков рекол сега се случува тоа, јас реагирав веднаш и фактот што јас бев таму е токму тоа.

Во име на владата доаѓам тука, се грижам за секој наш државјанин каде и да е, од која било етничка припадност и дека нема државна политика на дискриминација, туку напротив, ние ќе создадеме атмосфера на нула толеранција на говор на омраза и насилство“, изјави денеска Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Османи ни соопшти дека се согласува со тврдењето дека Македонците убивале, палеле, стрелале луѓе заради етничка припадност кога биле дел од СФРЈ

Пендаровски го покани Милков да ја посети Ваташа, Ковачевски чека од бугарскиот министер појаснување за скандалозната изјава

(Галерија) Како Христијан Пендиков од Македонец стана Бугарин

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гркот Михалис Токас номиниран за нов евроамбасадор во Македонија

Редакција

Алтернатива денеска на Централен совет ќе одлучува дали ќе биде дел од Владата

Редакција

Немам проблем со посетата на рускиот митрополит Антониј додека е во рамки на црковната дипломатија, вели Пендаровски

Редакција