еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Банкарскиот систем е стабилен и банките продолжуваат со давање услуги на граѓаните и компаниите

Денес беше одржана електронска седница на Комитетот за финансиска стабилност – меѓуинституционално тело за следење на состојбите во финансискиот систем во коешто членуваат претставници на двете институции. Со седницата претседаваше гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со министерката за финансии, Нина Ангеловска, информираат од Народна банка.

„Претставниците на Народната банка и на Министерството за финансии ја разгледаа состојбата во банкарскиот сектор, во контекст на актуелните услови со ширењето на вирусот ковид-19 (коронавирусот). Комитетот заклучи дека банкарскиот систем е стабилен.

Банките продолжуваат со давање услуги на граѓаните и компаниите и се прудентни во своето работење. Информациите од теренот покажуваат декабанките се подготвени да работат и во актуелните вонредни околности и дека ги следат препораките за превенција.

На седницата беше нагласено дека е особено важно што последниот редовен квартален стрес-тест спроведен од Народната банка со податоци за 31 декември 2019 година ја потврдува стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на симулираните шокови,“ се вели во соопштението.

Од Народна банка велат дека економските ефекти од вирусот сѐ уште се неизвесни на глобално и национално ниво и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок.

„Како што беше нагласено и во рамки на седницата се очекува дека во текот на претстојните денови, Советот на Народната банка ќе донесе регулаторна измена со која ќе се олеснат условите за реструктурирање на кредитите на граѓаните и компаниите,“ се додава во соопштението.

Претходно, на почетокот на неделава, Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,75, а потоа Советот на Народната банка донесе и неколку одлуки за регулаторни промени коишто придонесуваат за ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата.

Се очекува дека дел од нив ќе овозможат поголема кредитна поддршка и поповолни услови за компаниите коишто се погодени, бидејќи износот на новите или реструктурираните кредити одобрени на овие компании ќе претставува одбитна стапка од обврската за држење задолжителна резерва на банките кај Народната банка.

Донесена е и одлука за одложена примена на некои регулаторни барања од банките за да се овозможи поголема посветеност на банките на давањето кредитна поддршка на стопанството и на населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

УЈП: Нема решенија за присилна наплата додека траат препораките за коронавирусот

Банките, штедилниците, менувачниците и правните субјекти кои што даваат услуга брз трансфер на пари, продолжуваат да работат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Групацијата Балфин и Комерцијална банка ја преземаат Тирана банка од Пиреус банка

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја прашува Владата дали Нина Фити е вработена како претставник во Светска банка

Редакција

Раст на инвестициите, продажбата и профитот: Што предвидува бизнис планот на Алкалоид за годинава

Редакција