еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Граѓаните се повеќе користат платежни картички за плаќање

Граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички, информираат од Народна банка.

„Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7%, при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери.

Според платежната статистика за минатата година, плаќањата со картички стануваат сè поприсутни во секојдневното купување на производи и услуги.

Податоците покажуваат дека продолжува интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и на годишна основа во 2019 година изнесува 20,7%. Воедно, се зголемува и бројот на трансакции на физичките места на продажба со 20,4%, но уште посилно растат плаќањата со картички на интернет со 29%, на годишна основа.

Притоа, процентот на население во земјата кое купува преку интернет се зголемува постојано и минатата година достигна 29% од населението кое користело интернет,“ се вели во соопштението на Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку вработени има во телевизиите 24, Наша и Сонце?

Редакција

„Тритерол петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за горење вреден 86.000 евра

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во јули

Редакција