еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка за сопствениците на банка во Македонија, кои се најдоа во „Пандора документите„: Вршиме редовна супервизија на сите банки

Истражувачкиот веб сајт bird.bg од Бугарија објави дека сопствениците на Првата инвестициска банка, во чија сопственост е и УНИ Банка во Македонија, Цеко Минев и Ивајло Мутафчиев имале офшор компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И бугарски државјани, сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

еМагазин побара став за оваа информација од Народната банка.

“Народната банка врши редовна супервизија на работењето на банките во земјата, при што разменува информации и со другите институции во земјата, за сегменти коишто се во нивна примарна надлежност.

Едновремено, во рамките на воспоставената соработка со другите централни банки се обезбедуваат и информации од супервизорите во Европската Унија за прашања од заеднички интерес.

Во рамките на супервизорските активности, согласно со меѓународните стандарди и практики, централните банки се потпираат на официјални информации, документи и податоци.

Критериумите за акционер со квалификувано учество во банка се определени во Законот за банките и тие во целост се усогласени со регулативата на Европската Унија. Акционери во банка со квалификувано учество можат да станат исклучиво правни и физички лица коишто ги исполнуваат овие критериуми“, велат за еМагазин од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ненадејно почина врвниот музичар Милан Завков, првенецот на Танец и истакнат инструменталист

Редакција

Детален преглед: Во 33 општини избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

Кој е Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа

Редакција