еМагазин
Image default
Локално

Наседнал на измама: Му зеле двеста евра за доктор и му оставиле часовник за гаранција

На 08.01.2019 година во 14.40 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од село Лабуништа, струшко, пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот на улица „Бледски договор“ во Скопје, во близина на болницата Филип Втори, бил измамен од две непознати лица и бил оштетен за сума од 12.200 денари, информира МВР.

Прво му се доближило едното лице и побарало да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странски државјанин, со кој направил сообраќајна незгода. Тогаш, Б.С. тргнал со лицето и пред болницата се сретнале со другото лице.

После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот “ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезнатата штипјанка по пет дена вратена дома

Редакција

Скопјанец крадел од станови во Аеродром

Редакција

Тлее кримучарењето мигранти: Во „Ивеко“ откриени 50 лица

Редакција