еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Насоката на движење јасно кажува од каде е, вели српскиот министер за одбрана за соборениот дрон над касарна

Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ изјави дека насоката на движење на соборениот комерцијален дрон над касарна во Рашка, јасно кажува од каде доаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војската на Србија собори комерцијален дрон над касарна во Рашка

-Леталото од правец Јариње – Рудница се движело над воените објекти на гарнизонот Рашка. Граѓаните на Србија можат да знаат дека небото над Србија е безбедно. Мислам дека насоката на движење јасно кажува од каде е дронот, вели Вучевиќ, пренесуваат српските медиуми.

-Ќе видиме и кој е произведувач на дронот, за тоа ќе имаме јасна слика во следните денови, можеби и во следните часови, вели тој и потенцира дека Србија не треба да се потценува, туку да се слуша јасно и гласно што кажува претседателот Александар Вучиќ.

-Војската на Србија нема да дозволи некој да ја загрози Србија и нејзините граѓани вели тој Вучевиќ, посочувајќи дека дронот сигурно не снимал убави пејзажи.

-Се обидуваат да ги снимат нашите единици за време на редовните активности. Верувам во сите безбедносни сили, ќе имаме соодветен одговор на сите предизвици, пречки, малтретирања.

Ние сакаме да разговараме, ние сме за политички дијалог, не сме за ескалација, туку за смирување на тензиите, но тоа не значи дека сме страшливци. Не ја провоцирајте Војската на Србија и не ја потценувајте Србија, изјави Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија тврди дека дроновите кои летаат над касарни доаѓаат од Косово

(Видео) Србија испраќа војска на границата со Косово, дронови ги надлетуваат српските касарни

Фото: Војска на Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„КИ-ЕМ“ го доби мултимилионскиот тендер на „Македонијапат“ за набавка на битумен

Редакција

И Демократскиот сојуз најави дека ќе излезе од Владата доколку биде прифатен „францускиот предлог„

Редакција

Кој е Сашо Симјановски кој Владата го предлага за член на Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција