Комисијата за заразни болести во присуство на претставници на Министерството за образование и наука денеска одржа сосотнок на кој беа разгледани и се дискутираше за Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година подготвен од МОН, од аспект на безбедност на сите чинители во наставниот процес – учениците, наставниците, помошниот персонал, како и од аспект на спречување на ширење на заразата со коронавирус во училиштата, информираат од Министерството за здравство.
„Од страна на Комисијата за заразни болести беше побарано од МОН да достави податоци за сите училишта во сите општини во Северна Македонија и бројот на деца во сите паралелки поединечно, кои се клучни податоци за да се утврди каде евентуално би имало онлајн настава, а дали и каде би било евентуално безбедно да се одвива настава и со физичко присуство“, соопшти Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протоколите за градинките на доработка, па потоа одлука за почеток со работа