еМагазин
Image default
Македонија

НАТО ќе користи „македонски јазик“ откако ќе заврши преспанскиот процес

НАТО ќе може да го користи терминот „македонски јазик“ откако ќе завршат сите процедури поврзани за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако дел од јавноста во Македонија се побуни што вчера, прв пат, за време на церемонијата на потпишување на пристапниот протокол за НАТО, Алијансата не го искористи зборот „македонски јазик“ на својата веб страница, и покрај тоа што секогаш досега го користела, висок извор во НАТО за МИА објасни „откако Договорот од Преспа ќе биде целосно имплементиран ќе биде во можност да го користиме терминот „македонски јазик“.

Неофицијално, овој пат имало посебен притисок од грчка страна да не се користи терминот на веб сајтот само на овој ден, поради чувствителноста на процесот на ратификација на НАТО протоколот за Македонија, кој треба да се заврши утре во грчкиот Парламент.

НАТО, велат, прави сѐ да не предизвика остри реакции од која било страна и да не го стави во опасност процесот на зачленување на Македонија во Алијансата.

Откако ќе се заврши процесот, НАТО ќе се врати на редовната пракса на користење на зборот македонски јазик, согласно Преспанскиот Договор и досегашната пракса, велат за МИА од НАТО.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: Пристапувањето на Македонија во НАТО никому нема да донесе добро

Членството во НАТО годишно ќе не чини 1,2 милиони евра

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 709 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

И покрај изминувањето на редовниот рок, потрагата по Мартин продолжува и утре

Редакција

За неносење маска изречени 436 санкции

Редакција