еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Во врска со денешниот случај во Гостивар, Министерството за труд и социјална политика информира дека Центарот за социјална работа – Гостивар обезбеди сместување и соодветна грижа за членовите од семејството коишто настрадаа во опожарениот стан.

Од страна на стручниот тим на ЦСР Гостивар, а во соработка со Општина Гостивар обезбедено им е сместување и потребни услови за живот. Истовремено им е пружена психосоцијална помош и поддршка.

„Досега во ЦСР Гостивар не се пристигнати никакви пријави или информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството.

Согласно евиденцијата на ЦСР Гостивар, ова семејство не било корисник на ниту едно право или, пак, услуга од социјалната и детската заштита,“ се вели во соопштението.

Министерството за труд и социјална политика побара од ЦСР Гостивар детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумгодишното дете кое загина во пожар во зграда во Гостивар било врзано со ланец на нозете, открива Обвинителство

Трагедија во Гостивар: Дете почина, а жена е тешко повредена во пожар во зграда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски одбегна да одговори дали ги прифаќа условите на Мицкоски

Редакција

Нови 1.168 случаи на Ковид-19 од 3.353 тестирања

Редакција

Се изживуваат врз нас и се испраќа лоша порака кон македонските граѓани, вели Мицкоски за раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат

Редакција