еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Не гледам ризик за излез на Македонија од „Отворен Балкан“ во случај на промена на власта, вели Димитров

Не гледам никаков ризик на повидок за илез на Северна Македонија од иницијативата Отворен Балкан доколку дојде до проемна на власта во земјата како резултат на локалните избори, одговари на новинарско прашање вицепремиерот Никола Димитров на прес-конференцијата после состанокот на „Отворен Балкан“ во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не мислам дека политичката состојба во мојата земја има достигнато ниво на фер конкуренција и за владата би било подобро ако имаме таква конкуренција каде политичките учесници ќе покажат кој може да направи нешто подобро, дури и ако ги поврзаме резултатите од локалните избори со Владата, одговори Димитров.

Тој хипотетички говорејќи кажа дека мнозинството граѓани во земјава сакаат да одат напред и да имаат добрососедски односи и регионална соработка.

-Дури и да дојде до промена на власта, волјата на граѓаните ќе биде таква да кој и да дојде на власт, ќе мора да оди напред што значи европеизација, јакнење на демократијата, економијата што бара блиска соработка со нашите соседи. Затоа не гледам никаков ризик на повидок за излез на мојата земја од иницијативата, изјави Димитров.

На ова новинарско прашање се надоврза и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој кажа дека не е реално сега Северна Македонија да ќе ги прекине или да ги влоши односите со Србија и Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домаќинот на „Отворен Балкан“, Вучиќ ги пречека Димитров и Рама во Белград

МИА/Фото: СЕП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Срамота за фудбалот во Тетово: Каменувани фудбалер и помошник судија и расизам на мечот помеѓу Шкендија и Шкупи

Редакција

Зошто само Македонија се условува да интервенира за „бугарскиот фашистички окупатор“, а не и Грција и Србија

Редакција

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Редакција