еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Не може да се вратат годините, загубите и стресовите кои ги имавме како фамилија со ниту едни пари“, вели Цаноски за пресудата за „Космос“

Денес е убав ден за Македонија, денес 11 години подоцна победи правдата, напиша на неговиот Фејсбук профил, Сефер Цаноски за пресудата за случајот „Космос“

„Во светот приватниот капитал е светост. Политичката моќ не смее да биде злоупотребувана. Ова не е само победа на правдата за Фијат, ова е победа на правдата за граѓаните на Македонија.

Фијат Цаноски и неговата фамилија, како и неговите компании и институции никогаш не земале ниту еден тендер или денар од државата. Никогаш и на никој начин не ја оштетиле својата држава.

Не може да се вратат годините, загубите и стресовите кои ги имавме како фамилија со ниту едни пари. Загубивме многу, но не го загубивме образот и достоинството,“ пишува Цаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За рушењето на “Космос“, Груевски доби девет години затвор, а Јанакиески три

Фото: Фејсбук/Цаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Молитва“ една од трите најавени нови преработки што ќе се отпее на концертот „Македонијо во срце те носиме“ во Филхармонија

Редакција

Психолог Радическа: Психолошката поддршка за пандемијата лани беше за стравот и стресот, а сега за револтот

Редакција

Да се иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на седуммесечното бебе кое почина на Детска клиника, побара ДСЗИ

Редакција