Пулмологот и директор на ковид-центарот на Интерните клиники, Дејан Докиќ денеска изјави дека не може со сигурност да се каже дали британскиот сој на Ковид-19 дава потешка клиничка слика или предизвикува компликации, или пак пациентите не доаѓаат на време.
Тој вели дека потребна е опсервација.
„Кај нас доаѓаат пациенти со тешка клиничка слика, во сите пунктови каде што се дијагностицираат, 80 отсто се со лесна клиничка слика, а 20 проценти имаат потреба од хоспитализација. Некои од нив се со средно – тешка и со тешка клиничка слика,“ изјави Докиќ.
Докиќ вели дека пациентите заради мутацијата полесно заболуваат и дека заштитата треба да биде еден чекор повеќе, односно граѓаните да бидат попретпазливи.
Остануваат препораките за дистанца од два метри, миење раце, носење на маска Н95.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Докиќ: Здравствениот систем се менаџира добро, за сите има лекари и терапија по европски протоколи
„АстраЗенека“ е безбедна и сите вакцини штитат од мутираните соеви на Ковид-19, вели Докиќ
Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash