еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не патувајте во Либан, тие што се таму да ја напуштат земјата, повика МНР

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот.

-Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата, велат од таму.

Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба, посочуваат од таму.

Од таму ги повикуваат нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378.

Министерството додава дека на располагање се и СОС телефоните на МНР: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса: [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една од фирмите која го купува бизнис центарот „Соравиа“ е на внукот на Ахмети, објави МКД

Редакција

Од „Фајзер“ тврдат дека нивната бустер доза против Ковид-19 обезбедува заштита од Омикрон

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 109 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје, Штип и Тетово

Редакција