еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Неготинскиот градоначалник Тони Делков позитивен на Ковид-19

Неготинскиот градоначалник Тони Делков е позитивен на Ковид-19. Оваа информација попладнево ја објави тој на социјалните мрежи, а информираа и од прес-службата на Општината.

-И покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за Ковид-19 , резултатот е позитивен.

Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам, почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, напиша Делков на Фејсбук.

Градоначалникот на Неготино додаде и дека до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршува од дома.

Фото: Фејсбук/Делков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за сопственикот, раководителот и возачот на на „Дурмо Турс“

Редакција

Ова се телефоните: Клиниката за психијатрија со психолошка поддршка за граѓаните, заради состојбата со корона вирусот

Редакција

Внимание: Измамници собираат пари во име на хуманитарната оганизација „Свети Спас“

Редакција