еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Во среда е закажан Економско-социјалниот совет на кој ќе се одлучува за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останти плати и за враќање на правото за регрес на годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за медиумите порача дека доколку во среда не бидат исполнети нивните барања, ќе организираат штрајк, а не се исклучени и други можности како протест, блокирање на улици…

– Како Сојуз на синдикати на Македонија не го прифаќаме зборот „ќе “, туку „кога“ и „колку“. Затоа сум малку револтиран од односот на нашите социјални парнери.

Во среда продолжува битката за работничките права. Единствената цел е егистенцијата на работникот во оваа економска, ковид и енергетска криза, рече Димовски по денешната средба во Владата.

Синдикатот подолго време бара зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати.

Како аргументи ги посочува зголемувањето на трошоците за живот и фактот што за синдикалната минимална кошничка се малку две минимални плати.

Минатата недела беше презентирана и анализа од тројца професори која потврдува дека зголемувањето на минималната плата не влијае негативно на фирмите, туку ја зголемува мотивираноста на вработените, а со тоа се влијае и врз продуктивноста.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новата претседателка на Уставен, Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми каже како да работам

Редакција

11 починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 8.747

Редакција

ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучи договор со Смартком инвест вреден 1,3 милион евра

Редакција