еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема договор за СЈО: За што не можат да се усогласат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Се уште нема договор меѓу власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

И по синоќешната средба во Министерството за правда остануваат клучните разлики околу статусот на СЈО и употребата на аудио материјалите.

Претставниците на власта и опозицијата, кои учествуваа на средбата, изјавија дека разговорите продолжуваат и оти е оставен простор за консултации. Дополнително ќе биде утврден нов термин за средба.

– Разликите остануваат. Клучните разлики се во статусот на СЈО и во употребата на аудио материјалите. Се договоривме да се извршат консултации во делот на тоа каде би можело да има придвижување за да најдеме простор за заедничко носење на законот. Така што денеска нема некој посебен напредок со кој може да се пофалиме, изјави по средбата министерката за правда Рената Дескоска-Треневска.

Дескоска се надева дека законот ќе биде донесен пред изборите.

– Работиме на обезбедување мнозинство од 80 пратеници, рече Дескоска, додавајќи дека се разговара со сите пратенички групи.

Соопшти дека вчера имале средба со Беса и Алијанса на Албанците и оти се најдени заеднички точки околу кои може да се движи поддршката за законот.

И Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека остануваат разликите во однос на текстот на Предлог-законот за јавното обвинителство, но оти постои расположение за понатамошни средби.

– Остануваат сериозни разлики во толкувањето на содржината на целиот Предлог закон за обвинителство но, исто така беше потврдено дека постои расположение за одржување на понатамошни консултации со цел да вложиме заеднички напори да стигнеме до одреден напредок и можно заедничко решение, изјави Милошоски.

Конструктивноста на опозицијата беше поздравена и од страна на ДУИ.

– За поздравување е што опозицијата продолжи со конструктивниот дијалог во однос на Законот за јавно обвинителство и поднесе амандмани. Договорено е да се продолжи со разговорите во обид да се изнајде компромисно решение за усвојување на законот на консензуален начин во Собранието, изјави Артан Груби од ДУИ.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додека се крчка неговата иднина: СЈО купува авиобилети за 600.000 денари

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано

Алијансата за Албанците и Беса даваат поддршка СЈО да биде посебен орган во рамки на Јавното обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција

Заради покривање на енергетската криза грѓаните се оштетени за 220 милиони евра

Редакција

„Дојче веле“: ЕУ повторно ќе ја стави Македонија на „црната листа“ за патување

Редакција