Македонската берза ја објави новата публикација „Факти за котираните компании“ во која се објавени податоци за 20 најликвидни компании на берзата.
еМагазин во наредните денови ќе ги објави деталните анализи за сите компании.
Во првиот од серијалот текстови ќе ги презентираме податоците за Комерцијална банка.
Тие покажуваат дека заклучно со август годинава бил остварен вкупен промет од 1,9 милијарди денари или околу 30 милиони евра.
Просечниот дневен промет изнесувал 11,4 милиони денари што е двојно зголемување во однос на претходната година кога просечниот дневен промет изнесувал 5,6 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продадени два блока акции од Комерцијална банка за 265.000 евра
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на Македонската берза
Какви се очекувањата на Комерцијална банка за претстојниот период?