еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема опасност од поплавување на куќи во Зелениково и Велешко, состојбата треба да се следи, велат од ЦУК

Состојбата во Зелениково и во Велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од АД ЕСМ вчера соопштија дека е исклучена хидроелектраната „Св. Петка“, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар

„Утрово ЦУК во координативна комуникација ги информираше за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија,“ велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во Општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река.

„Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран“ е избегнат во Зелениково и во Велешко,“ велат од ЦУК.

Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак за да се намали нивото на Вардар

Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во 2021 „Макпетрол“ вработи 150 лица и за целиот тим на компанијата исплати повеќе бонуси

Редакција

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, кажа Ковачевски на Самитот на Советот на Европа

Редакција

Емотивни сведоштва и апел за помош на таткото и сопругата на киднапираниот внук на Бошковски, која чека второ дете

Редакција