еМагазин
Image default
Македонија

Нема забрана невладини и приватни фирми да користат „Македонија“ во својот назив, вели Десковска

Ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор нема забрана за приватни ентитети кои не се финансираат од државата за нивни активности во странство, да го имаат името „Македонија“ во својот назив, изјави за „Слободен печат“ поранешната министерка за правда Рената Тренеска- Десковска.

– Нема никаква забрана ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор, приватни лица, невладини организации, синдикати или приватни фирми да го имаат во својот назив името „Македонија“, „Македонци“, „македонски“.

Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини. Од позвучните имиња што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата „А1 Македонија“ која е ребрендиран „ВИП“.

Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот „Македонија“, „Македонци“, „македонско“. Името „Северна Македонија“ е обврска при официјална комуникација, вели Тренеска-Десковска за „Слободен печат“.

Претходно мкд.мк објави дека Министерството за правда одбило да регистрира граѓанско здружение бидејќи во својот назив го имало и терминот „Македонија“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Груевски не му одговори на унгарски новинар од што живее во Будмипешта и дали се видел со Орбан

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори во април или мај

Редакција

Позициите на Македонија и Бугарија остануваат различни, откри Османи

Редакција