Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 рече дека неговите првични информации се дека немало туби со гориво во предниот дел од автобусот на “Беса транс“, кој изгоре на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 луѓе.
Сепак, тоа треба да го покаже истрагата, вели тој.
Тој информираше и дека како МВР, ќе ги достават и обезбедат сите документи до бугарското јавно обвинителство, ако тоа го нареди Основното јавно обвинителство.
-Не можам да прејудицирам колку би траела истрагата што ја води друга држава. За нас е важно да се утврдат сите факти. Од интерес за сите нас е истрагата да биде кратка и ефикасна.
Ако ме прашувате мене дали треба да се прошири истрагата, мислам дека тоа треба да се направи, со цел да ги покриеме сите можно аспекти на ваков случај. Никој не смее да изостане од одговорност, доколку ја има, рече Спасовски на прашањето што мисли за најавите дека истрагата за автобуската несреќа би можела да трае и до шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Беса транс“ остана без лиценца за работа
Фото: МВР