еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори, вели Бухова

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова тврди дека ниту претходно, ниту во изминатите 22 месеца, немала контакти со Жан Митрев.

-И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку и многу долго пред тоа, немам никакви контакти со посочениот господин.

Ја користам можноста и сега, личноста што ја даде дезинформацијата да ме побие со докази, односно нека ги даде доказите со кои располага во соодветните институции, одговори Бухова на прашањето за тоа „кои кодошеле кај Жан Митрев“.

Бухова објасни дека ДСЗИ не дава, ниту одзема дозволи за приватни клиники.

-Дозволата за „Жан Митрев“ е дадена од Министерството за здравство, а што пишува во неа ќе ви каже министерот. ДСЗИ не е орган што треба да ја критикува или одобрува одлуката дадена од МЗ. ДСЗИ не побарува дополнително време во однос на надзорите кои ги има направено, рече директорката.

Таа претходно информира дека во „Жан Митрев“ се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори и детално ги образложи.

Бухова објасни и како се пријавуваат интрахоспиталните инфeкции. Клучна и прва институција, рече, до која се доставува информација за интрахоспитална инфкеција, е Центарот за јавно здравје кој прави епидемиолошки увид и наложува мерки.

-Да не ги мешаме институциите, порача Бухова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај, тврди министерот Сали

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската химна веќе трпела промени: Познати три верзии

Редакција

(Видео) Вучиќ повторно излезе од фрижидер, овој пат во емисија на телевизија „Пинк“

Редакција

Рекордна бројка на оздравени од корона вирусот: 336 од кои 113 во Скопје

Редакција