Немаме доволно инпектори меѓутоа максимално со она што се располага, инспекторите се искористени. Сите инспектори што се со звање советник или помлад инспектор ги користиме за излегување на терен и дење и ноќе во зависност од нивната смена, денеска Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори потребни во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), истакна денеска на прес-конференција во Владата директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.
Директорот на ДПИ рече дека до крајот на годината се очекува 37 инспектори да заминат во пензија, а дека новите примени од пред година-две се уште се на обука пред да излезат на терен.
Прашан за изречените пријави од страна на пазарниот инспекторат, од 5 до 11. октомври, Пауновски рече дека тие се однесуваат на новите протоколи изнесени од Комисијата за заразни болести, а тоа се за четоворица на маса и другите дополнителни одлуки кои се донесени.
-Кривични пријави од овој викенд се однесуваат на организирање на свадби, и непочитување на протоколите од последната одлука на здравстевената комисија. Ниту едно решение или кривична пријава изречена од инспекторите не е направена постфестум и врз основа на дојава. Дојавите се користат само да се упатат инспекторите на правото место, истакна Пауновски.
Директорот на ДПИ се заблагодари на сите совесни граѓани и новинари во државава кои ги пријавуваат неправилностите.
Во однос на казината во државава, Пауновски рече дека се направени контроли кога тие добија дозвола да работат и биле почитувани сите протоколи, освен во однос на пушењето.
МИА/Фото: Влада