еМагазин
Image default
Македонија

Најчесто се млади лица: Непридржување до мерките го зголемува бројот на хоспитализираните корона пациенти во Тетово

Неделава бројот на хоспитализирани лица пациенти поради Ковид-19, стигна до двоцифрена бројка. До денеска на пладне 11 луѓе поради тешки клиничка слика се лекуваат на инфективното одделение во Тетово.

На инфективно одделение моментално има хоспитализирани 11 пациенти со тешка клиничка слика и со кислодордна поддршка. Пациенти кои се дојдени во крајна фаза, претходно лекувани кај матични лекари и кога се дојдени тука, се дојдени во тешка состојба. Веднаш е пристапено е кон терапија и кислородна поддршка.

Тие се од различни возрасни групи, меѓутоа доминираат млади и имаме пациенти од 30 до 40 години и меѓу 50 и 60, а најстарите се 70 годишни. Правиме се што е во наша моќ, се што треба е дадено, се надеваме дека ќе се избориме со нивната болест, сепак времето ќе покаже, изјави денеска д-р Фанка Дјуженко, инфектолог во Инфективното одделение во Тетово.

Таа смета дека нема доследно почитување на препораките и мерките, па затоа драстично е порасната бројката на хоспитализирани во тетовската клиничка болница.

-Даваме препораки и во медиумите да сите кои ги имаат симптоми веднаш да се обратат кај матичен лекар за да бидат тука проследени, да бидат направени лабораториски и рентген иследувања и да се започне со терапијата, да не се изгуби времето кое многу ни значи.

Да си ги почитуваат мерките, да не групираат, да се носат маски во затворено. Луѓето се олабавија, се опуштија, со свадбите, по прослави и слично. Сепак е потребно да се почитуваат мерки како во времето на најголемата криза на ковид пандемијата, истакна д-р Дјуженко.

Во Тетово има 100 активни случаи со Ковид-19, а досега биле заболени вкупно 7.402 лица. Починати се 336 граѓани.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Сите насмеани на Централниот одбор во штабот на СДСМ, основано или не

Редакција

Нема напредок во француската позиција за преговори со Македонија

Редакција

Двајца вработени во градинка во Крива Паланка позитивни на Ковид-19, установата ќе паузира две недели

Редакција