Надвoрешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.Н.(52) од село Дoлна Ѓоновица и Н.Ш.(27) од село Долна Бањица за сторено кривично дело „насилство“, информира МВР.
На 24ти септември годинава во железара во Гостивар, по претходна вербална расправија помеѓу првопријавениот и вработено лице во железарата, поради недоразбирање во врска со цената за купување на предмети од железарата, пријавените физички ги нападнале вработените фрлајќи разни предмети кон истите, при што второпријавениот физички го нападнал Н.З.(54) кој во моментот се наоѓал во железарата, додека првопријавениот го скршил изложното стакло од железарата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.