еМагазин
Македонија

Несреќа на автопатот кај Лесковац, повредени двајца македонски државјани

Нешто после 8 часот утрово, се случи сообраќајна незгода на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац, во која беа повредени двајца мажи од Северна Македонија, потврдено е за ЈугМедија во Лесковачката полиција и Општата болница во Лесковац.

Повредите ги здобиле мажи од околината на Струмица, едниот роден во 1987 година, а другиот во 1982 година.

– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.

– Според сигурни информации, на повредените на помош им пристигнала екипа на брзата помош од Лесковац, а двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од страна на пожарникарите во Лесковац, наведува ЈугМедија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 95 заболени од Ковид-19, најмногу од Скопје 44

Редакција

Бонева за „Фокус“: Станот во Скопје го купивме со парите од лото кои сопругот ги доби во 2013 година

Редакција

Судење за „Плацеви на Водно“: Мијалков вели дека е апсолутно невин, Камчев не разбира зошто е обвинет

Редакција