Според денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.
Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита, Транспорт и складирање и Административни и помошни услужни дејности.
Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација, Рударство и вадење на камен и Транспорт и складирање.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.