еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка донираше пакети со храна за 700 стари и изнемоштени лица кои живеат во рурални подрачја

НЛБ Банка во соработка со Црвениот Крст донираше хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за стари и изнемоштени лица кои живеат во рурални подрачја, тешко инфраструктурно достапни до редовни сервиси и потреби, информираат од таму.

Токму во пресрет на празниците, волонтерите на Црвениот Крст ја започнаа дистрибуцијата на 700 пакети наменети за оваа социјално ранлива категорија, а истата ќе заврши до крајот на годината.

„Празниците се време на дарување и радост. Ние во НЛБ силно веруваме дека радоста е поголема ако се сподели со другите, ако се помогне на оние на кои тоа им е потребно. И токму затоа оваа година, наместо прослави и подароци, одлучивме да донираме во хуманитарни цели.

Донацијата на хуманитарните пакети за старите лица во соработка со Црвениот Крст е само една во низата предновогодишни донации на нашата Банка и навистина ни значи што можеме да придонесеме овие лица да имаат достоинствена трпеза и посреќни празници,“ истакнуваат од НЛБ Банка и изразуваат благодарност до Црвениот Крст за логистичката поддршка во пакување и дистрибуцијата на пакетите.

Стареењето на популацијата во Македонија наметнува голем број на здравствени, социјални и економски предизвици, а поради промената на структурата на традиционалните семејства се губи и можноста за соодветна семејна грижа.

Многу стари лица живеат сами и изолирани во својата немоќ од потребите за секојдневно функционирање, ситуација која е дополнитено влошена со најновите инфлациски текови во светот и во нашата земја.

„Соработката со НЛБ Банка е вистински пример за општествена одговорност и филантропија. Празниците се за секого, но за жал не секој може да има достоинствени празници.

Во период на раст на цените, обезбедувањето на храната која претставува основно право и услов за човеково достоинство, за многумина станува предизвик. Не радува тоа што, со заедничката акција и донацијата на НЛБ Банка, 700 стари и изнемоштени лица кои живеат изолирано и на тешко достапни места нема да бидат заборавени за новогодишните празници.

Потребата за поддршка на ранливите категории секогаш ќе постои, а ние се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример и ќе помагаат во заедницата во која живееме,“ велат од Црвениот Крст на град Скопје.

Инаку, годинава сите членки на НЛБ Групацијата одлучија да ја споделат радоста и да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Под мотото „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, вработените во Групацијата предложија и гласаа за различни здруженија, хуманитарни организации и групи на кои ќе им бидат доделени средства во вкупна вредност од над 500.000 евра, од кои само НЛБ Банка издвојува 75.000 евра.

Освен донацијата во соработка со Црвениот Крст, вработените во НЛБ Банка, преку интерна анкета, избраа уште три организации на кои Банката со донација ќе им ги разубави овие празници – Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) чиј патрон од неодамна е НЛБ Банка и Центарот за поддршка на лица со попреченост „Пркос“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец по вторпат добитник на 6-то Ноемвриска награда од Општина Радовиш

Редакција

НЛБ Банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Редакција

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани

Редакција