еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“

НЛБ Банка годинава се најде на врвот на листата за Најдобра банка во Р. Северна Македонија во категорија „Поврат на капитал“ според финансискиот магазин „Finance Central Europe”, информираат од Банката.

„Finance Central Europe“, e реномиран финансиски магазин кој веќе 21-ва година по ред успешно ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе криериуми.

Наградите од Finance Central се врз основа на најточниот финансиски ранг, заснован врз независни ревидирани бројки и независни, професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

„Постојат многу фактори кои го одредуваат успешниот бизнис. Еден од тие фактори е повратот на капиталот за кој сметаме дека е важен сегмент од нашето работење и еден од факторите за идентификување на долгорочните успешни деловни активности.

Ваквата награда претставува уште еден поттик да продолжиме со исто темпо на работа, со фокус кон нашите клиенти дури и во време на силни предизвици поради пандемијата со Ковид-19.

Да се биде во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа претставува голема чест и мотив посебно што НЛБ е Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ за да ја одржиме оваа позиција и да излеземе во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

НЛБ Банка АД Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија со постојан тренд на пораст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па се до денес. Банката е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од најголемите и најуспешни банки членки на Групација кoja работи со позитивни резултати и обезбедува висок поврат на инвестицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анѓушев побара косопствениците на неговите фирми да ги повлечат апликациите за мерките од Планот за економски раст

Редакција

Комерцијална банка заинтересирана за купување на Еуростандард банка

Редакција

„Енергоинвест трејд“ го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на шест базени вреден 3,2 милиони евра

Редакција