еМагазин
Image default
Бизнис

НЛБ Банка преку кампања со VISA картичките до поддршка за најпогодените бизниси од Covid 19 кризата

НЛБ Банка во периодот од 1.9.2020 до 30.9.2020 година спроведува промотивна кампања за НЛБ Visa картичките за физички лица.

Преку оваа кампања, Банката, од една страна обезбедува низа поволности за своите клиенти – корисници на НЛБ Visa картичките, а од друга страна овозможува помош за бизнисите кои се најпогодени од кризата и на кои во овој момент им е потребна поддршка.

Во рамки на кампањата, првите 1.000 клиенти кои со НЛБ Visa картичките ќе направат 10 безготовински трансакции (на минимален износ од 300 мкд по трансакција), добиваат вредносна картичка од 3.000 мкд.

Средствата од картичката клиентите ќе може да ги искористат во период до 30.11.2020 година на продажни места од најпогодените дејности и тоа: угостителство, салони за убавина, фризерски салони, стоматолошки ординации, дерматолошки ординации, туристички агенции, продавници за спортска опрема, облека, накит итн.

На овој начин, преку одобрување на дополнителни финансиски средства и нивно искористување во загрозените дејности, Банката обезбедува поддршка и придонесува за заживување на бизнисите.

„Во НЛБ Банка секогаш тргнуваме од потребите и барањата на нашите клиенти. Ја наградуваме нивната лојалност и пружаме поддршка и помош на оние на кои им е најпотребно.

Веруваме дека со оваа кампања ќе успееме да ги поттикнеме клиентите да ја искористат можноста да добијат вредносна картичка од 3.000 денари и преку трошење на овие средства да им помогнат на најпогодените дејности.

Со ова, не само што ќе ги наградиме нашите клиенти за нивната лојалност, туку и ќе помогнеме на македонското претприемништво. Затоа ве повикуваме да ги користите НЛБ Visa картичките и да покажеме дека сме одговорни, дека се грижиме и дека во ова време на предизвици заедно можеме повеќе!“, истакнаа од Банката.

Повеќе информации во врска со оваа кампања клиентите можат да добијат на веб страницатa www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката или преку контакт центарот на телефон 02/15 600.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Душко Тодевски назначен за стечаен управник на „Еуростандард банка“, прво рочиште на 8 октомври

Редакција

ЕДС Инфо Поинт: Просечната цена на струјата во декември повисока за 145 евра во споредба со претходниот месец

Редакција

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2, а увозот за 28,7%

Редакција