еМагазин
Image default
Свет

Носењето две маски ја зголемува заштитата од Ковид-19

Носењето две маски преку лицето – платнена врз хируршка – ја зголемува заштитата од Ковид-19 на 92,5 проценти, се нагласува во анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Истражувачите откриле дека комбинацијата на тие две маски блокира 92,5 проценти од потенцијално заразните честички, бидејќи создаваат поголема заштита околу лицето, јави Си-Ен-Ен.

Утврдено е и дека хируршката маска, доколку се свитка на краевите и се врзува околу ушите, го намалува продирањето на патогените микроорганизми и блокира 63 проценти од аеросолите што можат да содржат Ковид-19, што е значајна промена во споредба со 42-процентна заштита, колку што штити хируршка маска ако не е врзана околу ушите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина објави дека сите патниците загинале во авионската несреќа, нема трага од експлозија

Редакција

Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија

Редакција

(ВИДЕО) Поради ненадејно екстремно невреме, најмалку 21 жртва за време на ултрамаратон во Кина

Редакција