еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Новата вакцина од Австрија штити од сите варијанти на коронавирусот

Новата вакцина од Австрија заштитува од сите варијанти на коронавирусот, соопшти Еуроком ПР, Меѓународна комуникациска мрежа на Град Виена.

Тим научници од Медицинскиот универзитет во Виена разви нов тип вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, а според податоците од претклиничките студии, ефикасна е против сите варијанти на вирусот, вклучувајќи ја и омикрон.

Медиуми наведуваат дека додека постоечки генетски вакцини против Kовид-19, предизвикуваат главно привремен имунолошки одговор, оваа вакцина обезбедува создавање долготрајни антитела.

– Се стекнува траен имунитет и против стари и против нови варијанти на коронавирусот. Активните компоненти на вакцината, го зајакнуваат имунолошкиот одговор и го блокираат ширењето на вирусот, појасни водачот на истражувањето, Рудолф Валента, од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија.

Истражувањето, што му претходеше на развојот на вакцината, се заснова на повеќедецениско знаење од областа на алергиските болести. Резултатите се објавени во медицинското списание Алерџи.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-галерија): Јубилејни 70 години Национален парк Пелистер

Редакција

(Видео) Ковачевски: Нека ни е со среќа, целта е до 2030 година да бидеме членка на ЕУ

Редакција

„А да го легализираме горењето на отровни материјали?„: Твитер реакции за увозот на токсични нафтени деривати во Македонија

Редакција