Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје- 100, Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.
Во моментов дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 2.343, активни 1.593, Куманово 679, активни 230, Дебар 63, активни 11, Штип 260, активни 208, Прилеп 230, активни 17, Тетово 500, активни 304, Струга 149, активни 70, Велес 162, активни 34, Битола 38, активни 9, Охрид 91, активни 72, Кавадарци 9, активни 4, Гостивар 79, активни 53, Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци), Струмица 10, активни 7, Крива Паланка 10, активни 4, Радовиш 4, активни 0, Крушево 5, активни 2, Кочани 59, активни 26, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 5, активни 2, Берово 2, активни 1, Валандово 5, активни 3, Виница 3, активни 0, Делчево 1, активни 0, Кратово 5, активни 3, Свети Николе 12, активни 10, Кичево 5, активни 2, Ресен 48, активни 47, Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
„Направените 1.227 теста се преку: Институт за јавно здравје –484, Центар за јавно здравје Скопје-39, Авицена –105, Биотек –152, Систина со PCR метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина-12.
Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на Ковид -19“, велат од Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир руши рекорди, 352 активни случаи на Ковид-19, Гази Баба 128, Аеродром 127
На Инфективната клиника за 24 часа примени 13 пациенти, на кислородна поддршка се 46 лица
Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222
Фото: МЗ