еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 28 случаи на Ковид-19, оздравени 39, нема починати

Регистрирани се нови 28 случаи на Ковид-19 од направени 278 тестирања, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.

Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови заразени има во Скопје, 24, во Велес – 2 и во Куманово и во Гевгелија по еден случај.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се седум реинфекции.

Од оздравените пациенти во Скопје се 22, во Прилеп – 5, Куманово – 4, Битола – 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема регистрирани починати лица.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ нема регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551, а бројот на активни случаи изнесува 300.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Македонија поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар

Редакција

Хрватската влада нуди по 26.500 евра за секој иселеник што ќе се врати, засега пријавен само еден

Редакција

(ВИДЕО) Како Меркел го пречека Заев во Берлин

Редакција