еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови 40 компании, со струја ќе се снабдуваат од РЕС

Нови 40 реномирани компании, кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, од јануари 2023 година се приклучија во балансната група на РЕС, со што оваа компанија, формирана во февруари 2022 година, за помалку од една година се етаблираше како лидер во трговијата и снабдувањето со електрична енергија на македонскиот пазар, информираат од компанијата.

„Во овој момент балансната група на РЕС е сочинета од повеќе од 230 домашни и странски компании.

Со овие нови 40 компании, портфолиото на РЕС се зголемува за дополнителни 25 MW на час или повеќе од 200 GWh струја на годишно ниво, а вкупната потрошувачка на сите клиенти може да достигне повеќе од 70 MW на час.

Обновливите извори на енергија во сопственост на Кочо Анѓушев и на Иво Прокопиев, сопственик на компанијата КЕР ТОКИ од Бугарија, кои се и ко-сопственици на РЕС, и овозможуваат на компанијата РЕС да креира најдобри пакети за снабдување со електрична енергија.

Моделите за снабдување креирани од стручниот тим на РЕС, беа препознаени како најповолни од страна на македонското стопанство, што се докажува со континуираното зголемување на бројот на клиенти и конзумот на енергија,“ се вели во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Шпанците гневни на кралот Фелипе и премиерот Санчез: Фрлаа кал по нив, поради разорните поплави кои однесоа 217 животи

Редакција

Попис: Македонија има вкупно население од 2.097.319 лица од кои 54,21% Македонци и 29,52 Албанци

Редакција

Да не се менува даночната политика, а важните економски закони да се носат во консултација со бизнисот, апелираат од Стопанска комора

Редакција