еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 590 случаи на Ковид-19, починати две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 1.593 тестови, а регистрирани се 590 случаи на Ковид-19, од кои 142 се реинфекции.

Оздравени се 583 пациенти, а пријавени се две починати лица.

Активни се 3.564 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од новозаболените случаи 261 се од Скопје, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен, Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.

Оздравени се 583 пациенти, од кои 241 пациент од Скопје, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1.

Пријавените починати лица се од Скопје (72г) и Охрид (82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Инвеститорскиот ден“ ја „загреа“ Македонската берза: Прометот надмина милион евра

Редакција

8 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале

Редакција

Мицкоски: Антикорупциска внимателно да го следи случајот „Броило“

Редакција