еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 600 случаи на Ковид-19, оздравени 743, починати 10 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на Ковид-19: Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 134 реинфекции.

Регистрирани сe 743 оздравени пациенти од: Скопје – 284, Битола – 56, Кавадарци – 36, Охрид – 33, Куманово – 32, Прилеп – 30, Гостивар – 29, Тетово – 26, Велес и Струга – по 23, Штип – 22, Струмица – 20, Радовиш – 16, Неготино – 15, Свети Николе – 14, Кочани и Кичево – по 12, Крива Паланка – 9, Берово – 8, Делчево – 7, Ресен – 6, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 5, Виница и Демир Хисар – по 3, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Пехчево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата донесе нови рокови за поделба и употреба на домашните платежни картички

Редакција

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ болниците

Редакција