еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови протоколи за настаните на затворено: Две дози на вакцина и 50% на исполнетост на капацитетот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска на 112. седница донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, кина, филхармонија и други објекти, со што се зголемува на 50 проценти дозволената исполнетост од капацитетот на салата со публика наместо досегашните 30 отсто исполнетост.

Во врска со овој протокол, како што информира владината прес-служба, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против Ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Децата со пречки во развојот или со посебни потреби се ослободени од носење маски во училиште

Се дозволува организација и учество на спортски натпревари без сертификат за вакцинација

Фото: Photo by Aditya Chinchure on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Битем“ го доби тендерот за изградба на заштитна ограда на битолската обиколница вреден 593.000 евра

Редакција

19 починати од Ковид-19: Шест од Тетово, пет од Гостивар, три од Куманово

Редакција

Убава вест: 144 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 105

Редакција