еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Талир“, „Тортура“ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на бранителот на правниот субјект ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Тортура“ на СЈО за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи”, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“.

Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилеп нема да оди во карантин, матичните лекари ќе помагаат во борбата против Ковид-19

Редакција

(Видео) “Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието“: Џафери објави снимки

Редакција

Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто

Редакција