еМагазин
Image default
Македонија

Нови случаи на Ковид -19 во три текстилни конфекции во Штип, во болницата, општината и во затворот

Нови позитивни случаи на Ковид -19 има во три текстилни конфекции, во болницата, општината и во затворот во Штип.

Директорката на Центарот за јавно здравје од штип, Марија Димитрова вели дека позитивни случаи има и во градинката „Виножито“, а заразен ученик има и во општинското основно училиште „Тошо Арсов“, кој и претходно бил изолиран, поради контакт со позитивен случај.

-Коронавирусот насекаде се шири. Во анкетите лицата кои имаат позитивен тест, посочуваат дека не ни знаат од каде се заразени, вели Димитрова.

Зголемен е и бројот на тестирања. Деновиве, на пунктот се земаат и до 40 брисеви кои се закажани преку „Мој термин“, но има и такви кои според анкетите се сомнителни случаи.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов, по денешниот извештај на Центарот за јавно здравје, најави дека утре седница ќе одржи Општинскиот кризен штаб.

Во Штип, во моментов активни случаи се 227.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стручниот надзор покажа дека 41-годишната беровчанка која почина од Ковид-19 во болницата во Штип била лекувана според протоколите

Редакција

Убава вест: 910 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Куче со македонското знаме на протестот против францускиот предлог стана хит на социјалните мрежи

Редакција