еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Новинар од Русија и новинарка од Филипини добитници на Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда за мир за 2021 година им е доделена на главниот и одговорен уредник на независниот руски весник „Новаја газета“, Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса, соопшти Нобеловиот комитет.

Тие се наградени за „напорите за заштита на слободата на говорот, што е предуслов за демократија и траен мир“.

– Реса и Муратов ја добија наградата за мир за нивната храбра борба за слобода на говорот на Филипини и во Русија.

Во исто време, тие ги претставуваат сите новинари кои го поддржуваат овој идеал во светот, во кој демократијата и слободата на медиумите се соочуваат со се понеповолни услови, се наведува соопштението за Нобеловата награда за мир.

Претходниот добитник на Нобелова награда за мир од Русија беше Михаил Горбачов во 1990 година.

Ана Политковскаја, која беше убиена на роденденот на Владимир Путин во 2006 година, работеше за „Новаја газета“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно закани за поставени бомби во осум училишта во Скопје

Редакција

Лидерска средба во мај: Ќе се разговара за можни термини за изборите

Редакција

Руска патрола го киднапирала генералниот директор на украинска нуклеарна централа во Запорожје

Редакција